Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УАПСЕН СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ГО ВОЗЕЛ ТУРАНОТ: Во кобната несреќа едно лице спасено, по други меѓу кои имало малолетник се трага низ водите на Лепенец

Како што соопшти полицијата вчера напладне околу 15.20 часот е пријавено дека на патот Скопје- ГП Блаце се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Б.(64) од Скопје и патничко возило „бмв“ со косовски регистерски таблички, управувано од Н.П.(60) од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец.

МВР информира дека во возилото „бмв“, според пријавеното, покрај возачот имало и тројца сопатници М.П.(48), Ш.П.(21) и 16 годишен малолетник.

По несреќата сопатникот Ш.П. е изваден од реката и пренесен во ГОБ „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а по останатите три лица се трага од страна на екипи од Одделот за специјални полициски операции. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.