25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Поплави низ повеќе региони на Македонија – Еве каде е најкритично

ЦУК: СУБЛИМИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ ДОЖД И ПОРОЈНИ ПОПЛАВУВАЊА ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ ВО ДРЖАВАТА

Центарот за управување со кризи сублимирано информира за обилните врнежи дожд и поројните поплавувања во последните 24 часа при што преку Секторот за операции и координација и Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК координираше со активностите на институциите од Системот за управување со кризи за навремено да се интервенира за заштита на безбедноста и имотот на граѓаните од елементарните локални непогоди.

Информацијата е изработена според добиените писмени информации од Регионалните центри за управување со кризи, како и информациите од други субјекти што учествуваат во Системот за управување со кризи, во кои се наведуваат состојбите во областите за кои се надлежни, а и преку соработката и информирањето и од граѓаните и од медиумите коишто ги споделуваа информациите за ситуацијата на одредени критични места за што благовремено се информираше во интерес на безбедноста на граѓаните.

РЦУК – Тетово известува дека на 17.06.2023 година во 16:00 часот од ЦУК е примено известување за покачено ниво на реката Вардар со можност за излевање и поплавување во северозападниот регион. Било потребно да се стопира производството на електрична енергија во ХЕЦ „Вруток“ и ХЕЦ „Равен“. Од страна на РЦУК Тетово во 16:30 часот е испратено писмено барање за прекин на производството. Од ХЕЦ „Вруток“ е добиен одговор по телефон дека веќе подолго време немаат производство на електрична енергија и дека нема воопшто испуштање на вода од акумулацијата во реката Вардар. Но, покрај тоа, нивото на реката Вардар било екстремно покачено и на критично ниво.
Во 19:30 часот од страна во дежурен центар 112 е примена информација по пријава од жител, претседател на месната заедница, на село Раотинце Општина Јегуновце дека е дојдено до излевање на Вардар во село Раотинце во делот од село Подбреџе за село Раотинце при што водата во висина од околу 30 сантиметри навлегла во дворовите на 15 куќи. Од страна на РЦУК Тетово веднаш се известени ПС Јегуновце, ЦИК полиција на СВР Тетово, ДЗС Тетово, ТППЕ Тетово, лицето за контакт од ЕЛС Јегуновце. Раководителот на ДЗС Тетово е запознаен со настанатата поплава и за потребата од вреќи со песок што треба да бидат поставени на критичните точки за да се спречи поголемо излевање. Во 22.00 часот од РЦУК Тетово на лице место на поплавата се упатени и двајца вработени од РЦУК Тетово кои на лице местото на поплавата беа со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, како и пријавителот на поплавата, а пристигнал и градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски. Според согледување на состојбата од лице место, се работи за поплавени дворови од 15 куќи и обработливи земјоделски површини и водата не е навлезена во куќите. На влезот во селото на патот има поголема количина вода што го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот. Мостот на реката Вардар во село Раотинце не е оштетен и нема опасност од оштетување. Во разговор со градоначалникот на општината е добиена информација дека од страна на УНДП има проект за трајно регулирање на коритото на река Вардар во критичните места во должина од 8,5 километри, дека проектот е одобрен и се чека на тендерска реализација и изработка. На 18.06.2023 година екипа од РЦУК Тетово повторно ќе оди на наведеното место и ќе има средба со претседателот на месната заедница од село Раотинце и со жителите за да се разменат мислења за надминување на проблемот по насока на директорот на ЦУК. Состојбата се следи и за секоја промена ќе се извести.

Регионалниот ЦУК Куманово, во период од 10:28 часот, директорот Водостопанство Куманово известува дека водостојот на Крива река во с.Клечовце е зголемен и се очекува на некоји места излевање од речното корито, исто така бевме известени дека потребна е брза интервенција во с.Пчиња, бидејки во с.Пчиња двата столба на мостот биле оштетени и може од надојдена поголемо количество на вода и гранки мостот да падне. Од полицијата – ЦИК Куманово и СВР Куманово не известија дека нивото на водата е намалено кај мостот во с.Пчиња и немало повеке опасност и дежурните се повлекле од мостот. Известени се телефонски и писмено сите надлежни субјекти.
Општина Крива Паланка известуа дека во текот на утринските часови престанаа врнежите од дожд, дојде до намалување на нивото на водата на Крива Река и истата во градското подрачје се врати во мињор коритото. Намалено е и нивото на водата на реките и од доловите што се влева во Крива Река.
Екипи од Штабот за заштита и спасување се излезени на терен и доставуваат информации за состојбата. Добиените податоци од екипите на терен Ви се доставени .ЛС Крива Паланка известува за однесен мост каде се спојуваат двете реки во место викано Стамболици, Крива Паланка, населението таму нема проод. Дојава од село Борово, каде што земјениот пат е оштетен и е непрооден и населението бара машина да се расчисти.Поради појавено свлечиште затворен за сообраќај е локалниот стар пат кон Манастирот Св.Јоаким Осоговски, атар на село Варовиште. Непристапност до три куќи во место викано Пашина воденица. Во населба Домачки Дол има оштетени пристапи до објекти, укажано е да се користат само кога е неопходно.
-ЛС Крива Паланка известува за наноси од кал на локален пат кај Базенот.Штета на приватен имот (стена) во населба Маневци. Оштетен мост кај место викано Пашина Воденица, нема пристап и неможе да се обезбеди.
-ЈП Македонија Пат известува за свлечиште пред Трновски мост во село Трново.
-ЈП Македонија Пат известува дека саниран пропустот во село Трново, друга екипа работи на санирање на патот кон село Луке.
-ЛС Крива Паланка известува за поткоп на место викано Пашина Воденица.
-ЛС Крива Паланка има ангажирано механизација за расчистување на: Домачки Дол, на регионалниот пат во населба Домачки Дол, во Куков Дол, кај место викано „Базен“, една машина го чисти патот за манастирот и село Тлминци.
-ЈП Комуналец Крива Паланка со свои екипи врши расчистување на пешачката патека покрај Крива Река.
-ТППЕ Крива Паланка со 4 пожарникари и 2 возила – цистерни вршат расчистување на пешачката патека покрај Крива Река.
-ПО ДЗС Крива Паланка отстапува свои МТС на ЛС Крива Паланка за расчистување.
Од 18:00 часот се одржува Седница на Штабот за заштита и спасување, за заклучоците по завршувањето на седницата.
РЦУК – Кратово, известува дека Крива река во с.Куклица се има излеано од своето речно корито и има поплавено обрабатливо земјиште од 1 хектар,нива на вода моментално е околу 30до 40см.Нема поплавени куќи. Од страна на Раководителот на РЦУК Кратово известена е Оштина Кратово.
Општина Старо Нагоричане известува дека дека од нивна страна денес е направена обиколка по течението на река с.Пчиња и е утврдено дека нема излевање на реката и засега нема опасност од поплавување.
Општина Липково: Акумулациите „Глажња“ и „Липковка“ се полни 100 % и имаат прелевање но во разговор со лице за контакт состојбата се следи и водостојот на реката е зголемен, но нема опасност од излевање на речното кориРегионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Прилеп, во која се наведува дека поради временските дождови интервенирале испумпување на вода од поплавени простории во семејни куќи на улиците: „Ердован Шабановски“ – интервенирано со 2 пожарникари и 1 ПП возило од 10.00 ч. до 12.15 часот,,Ножот“ бр.52 – интервенирано со 2 пожарникари и 1 ПП возило од 10.00 ч. до 13.00 часот; ,,Борка Утот“ бр.22 – интервенирано е со 2 пожарникари и 1 ПП возило од 12.43 ч. до 13.45 часот. ,,Ножот“ бр.58 – интервенирано со 2 пожарникари и 1 ПП возило од 14.49 ч. до 16.20 часот, ,,Ножот“ бр.36 – интервенирано со 2 пожарникари и 1 ПП возило од 16.56 ч. до часот.

Регионалниот ЦУК Прилеп известува дека дека има оштетување на коритото на „Дабнички Канал“ на ул.„Кеј 19 –ти Септември“ наспроти зграда 3,.и е направена дупка која е проширена до работ од асфалтот од улицата. На лице место веднаш е излезено од вработените во РЦУК Прилеп и е утврдено дека има оштетување на коритото кое е проширено до работ на асфалтот и претставува опасност за непретпазливи минувачи и евентуално пропаѓање на асфалтот при минување на потешки возила. За настанот е известена ЕЛС Прилеп од каде ни одговорија дека ќе преземат мерки во текот на утрешниот (сега веќе денешниот) ден, МВР ПС Прилеп, а од ЈП Водовод и канализации – Прилеп побаравме веднаш да се изврши обележување на местото како би се предупредиле минувачите и возачите да не поминуваат покрај самиот раб на коловозот.

Регионалнот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ЕЛС Кавадарци во која се наведува дека поради обилни врнежи од дожд дојде до излевање на р.Раечка Река, кај с.Реац, каде што сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп од 07:30 часот беше во целосен прекин . Од страна на контакт лицето од ЕЛС Кавадарци и СВР Велес бевме известени дека на терен беа полициски службеници кои го регулираат сообраќајот, изведувачите на автопатот – „Сино Хидро“ со механизација за испумпување на водата и екипи на ЈП за одржување и заштитана магистрални и регионални патишта кои од како нивото на водата на Раечка Река се намали работат на отстанување на наносите од земја, камења и расчистување на патот. Во 14:20 часот патниот правец Градско-Прилеп беше нормализиран и сообраќајот се одвива непрекинато во двата правци.

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од РЦУК Кочани и Водостопанство Брегалница Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови доаѓа до зголемување на дотокот во браната „Калиманци“. Од последните мерења на нивото на брана „Калиманци“, во 21:00 часот добиени се следните податоци. Моментална кота 514,94мнв, доток 25м3/с, испуст 18м3/с. Согласно мерењата од Водостопанство Брегалница не очекуваат во текот на ноќта да дојде до прелив на браната.
Истотака, добиено е известување дека на патниот правец Долни Подлог – Облешево во близина на оранжериите „Зелена куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и можно е да го преплави мостот. Известени се во СВР штип како би реагирале навремено и го обезбедиле мостот. РЦУК Штип известуват за настанатите од поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница М.Каменица – Делчево. Од страна на Македонија пат извршено е примарно санирање, но поради поголема безбедност на сообраќајот, денес 17.06.2003 год. извршено е затварање на една лента од мостот до комплетно завршување на работите. Затварањето е извршено со прописна вертикална сигнализација и сообраќајот на мостот се врши наизменично во двата правца по една коловозна лента.