Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

202 санкционирани возачи во Скопје, 102 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 102 санкции, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +