24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Во Кочанско со мерки за безбедност заради зголемено нивото на водата на браната “Калиманци” и на локалните водотеци

Преку Регионалниот ЦУК Кочани е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови дојде до зголемување на дотокот во брана „Калиманци“. Во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте. Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво. Како сигурносна мерка, надлежните за Браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места.

Исто така, во ЦУК е добиено известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Известени се во полицијата – СВР Штип за да би реагирале навремено и за да се обезбеди мостот.

Кога во ЦУК ќе добиеме дополнителни нови информации ќе известиме повторно а ситуацијата во Кочанско.