Фејсбук статус на Зоран Заев:
Договорот од Преспа ни донесе и надеж, и горчина, и стремеж, и сомнеж. Но, најважно од сѐ, ни донесе стабилност, сигурност, јасна перспектива и сила за подобро утре.
Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство. Пет години, Северна Македонија и Грција 🇲🇰 🇬🇷 градат заедништво од темел. На тој темел добиваме помош од нашите европски и евроатлантски сојузници, на тој темел сме предводници на силни регионални иницијативи. На тој темел имаме стабилна економија иако веќе четврта година се бориме со пандемиски и енергетски кризи.
Темелот ни е цврст, но ветриштата околу се силни.
Затоа, сите демократски сили, леви и десни, мораме да продолжиме да бидеме бедемот на Договорот од Преспа. Ние, демократите од Балканот, следејќи го примерот на Договорот од Преспа, имаме и обврска и капацитет да најдеме решение за сите отворени прашања на Балканот. Нашиот ангажман има јасна цел – Цел Балкан во ЕУ.
Опасните ветришта не стивнуваат, но темелот и бедемот се посилни од нив.