7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

28 јуни, па 2 август – Ова се преостанатите неработни денови до крајот на годината

Наредниот неработен ден кој следува е и 28 јуни (среда) кога муслиманите го слават прв ден на Курбан Бајрам и ќе неработен ден за муслиманската верска заедница.

Потоа следува втори август – Денот на Илинденското востание кој исто така се паѓа во среда и е неработен ден за целата држава.

Листата на останати нераобтни денови е долга, па со цел подобро да ги испланирате овие денови ви ја проследуваме:

За сите граѓани на РСМ

• 2 август (среда), Ден на Републиката,

• 8 септември (петок), Ден на независноста,

• 11 октомври (среда), Ден на народното востание,

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

 

За граѓаните од православна вероисповед

• 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

 

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 28 Јуни (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

• 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

• 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците,

 

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК