18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
МАКЕДОНИЈАвест

Германија потврди: Македонците со својот македонскиот јазик и култура во ЕУ.

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ:

🙏 Голема благодарност за нашите искрени партнери во германскиот Бундестаг, за усвојувањето на резолуцијата со која ги потврдуваат и признаваат македонската култура, идентитет и јазик и нѐ охрабруваат со ваква посветеност и ангажман да останеме на европскиот пат.
🇲🇰🇪🇺 “Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост”, јасно стои во резолуцијата.
🇲🇰🇪🇺 Никој не може да го одземе македонскиот идентитет и посебност, напротив македонската култура и јазик само ќе ја збогати Европската Унија.

🇪🇺🇲🇰 „2023 е клучна година за европската иднина на Северна Македонија. Германија е цврсто посветена на европската перспектива на Северна Македонија и решително ја поддржува земјата на нејзиниот пат кон Европската Унија. Во последните години земјата се врати на реален и амбициозен евроатлантски курс и реформски процес“.
🇲🇰🇪🇺 Оваа резолуција потврдува дека се движиме во вистинската насока и нѐ охрабрува да вложиме максимални напори за да останеме активни во процесот на преговори.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО ПОВТОРНО СЕ МЕНУВА: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

До 15:30 часот гласале 5385 немоќни лица и 810 затвореници

ДЕСК

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК