24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Синоптичарите со оптимистички прогнози: Еве кога доаѓа стабилизација и летни температури како што личи

Денес ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. На повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.

Прогноза за 18.06.2023
Минимална температура: 10°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, а претпладне на места засилен северен ветер.

Прогноза за 19.06.2023
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 31°C

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 20.06.2023
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.