8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

(Галерија) Жителите на Лисиче им порачаа на општинските власти: Градете паркови, а не гасни комори

Итно да се повлече спорнот Детален урбанистички план, да не се навлегува во приватниот имот на луѓето и на местото каде се предвидени згради да се изградат паркови, а не гасна комора, порачаа на денешниот протест на булеварот Србија жителите на населбата Лисиче.

-Уште колку населби и колку животи треба да се уништат за да се задоволат нивните болни апетити за профит?- праша гласно денес во името на сите жители на населбата Тодор Кацаров, еден од организаторите на протестот.  

Инаку новиот ДУП предвидува изградба на една 12 катница, три осум катници и пет помали згради. Една од парцелите непосредно пред да се предложи овој ДУП е продадена на лице сопственик на градежна фирма која веќе гради огромен станбен комплекс на спротивната страна на булеварот. Токму поради ова и револтот на граѓаните е поголем. Населбата која е плански изградена по земјотресот во 1970 тите и е предвидена за семејно домување во куќи, денес е на прагот на стане населба на повеќекатници. Да биде иронијата уште поголема, сето ова градежно планирање се предвидува во населба која е рекордер во загадувањето не само во Скопје, туку и во земјава.

-Ова што тука се прави е очигледен геноцид врз народот. Со градење на овие згради се запира движењето на ветровите и загадувањето ќе биде енормно зголемено- вели Влатко Ужевски, жител на населбата Лисиче.

Ова, вели тој е првиот предупредувачки протест против новиот предлог ДУП, што се надеваме сите дека ќе биде повлечен од страна на општината.

– Во моментот кога ги изгласавме, кога дојдоа на власт тие станаа господари на нашите имоти и на нашите животи. Ова стана некоја пракса и ете си ја спроведуваат и си мислат така можат и така ќе продолжат да прават, а притоа забораваат дека ние им ја даваме платата. Е па еве, сега таа пракса ќе се смени и ќе се застане тука на оваа линија на булеварот на кој денес протестираме. Од денес ќе разговараат со сите нас тука и тоа е пораката од овој протест- да почнат луѓето да се прашуваат кога се носат деталните урбанистички планови – вели Игор Христов, жител на населба Лисиче.

Граѓаните денес застанаа на булеварот кој ја дели урбаната мафија од нивните куќи и гласно порачаа
-Доста веќе згради!Крај за урбаната мафија и за бетонизација на градот и населбата Лисиче.

фото Ангел Ангеловски
фото Ангел Ангеловски
фото Ангел Ангеловски
фото Ангел Ангеловски
фото Ангел Ангеловски

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК