24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

„Фрижидерот ни е до половина полн, а дадовме 170 евра“: храната поскапе, но инфлацијата во Германија слабее

Годишната стапка на инфлација во Германија во мај падна на 6,1 отсто, објави денеска Федералниот завод за статистика „Дестатис“. Ова е конечниот резултат што е во согласност со претходната процена.

Априлската инфлација во Германија беше на ниво од 7,2 отсто, а стапката на инфлација во мај е најниска во последните 14 месеци, но сепак е значително повисока од посакуваните 2,0 отсто, што е целта на германската централна банка.

Во мај поскапувањата на енергентите беа значително помали од истиот месец минатата година, а најмногу поскапе храната – наведува претседателката на Федералното биро за статистика, Рут Бренд.

Инаку, жителка од Германија за „Телеграф бизнис“ вели дека храната е многу скапа во Германија, таа живее конкретно во Штутгарт.

„Фрижидерот не ни е целосно полн, а за оваа недела дадовме 170 евра“, посочува таа.

Цените на енергетските производи во Германија пораснаа 2,6 отсто на годишно ниво, што е значително побавен раст во однос на априлските 6,8 отсто, а овој резултат, пред сè, е последица на високиот базен ефект од минатата година.

Цените на храната во мај скокнаа 14,9 % на годишно ниво – нешто помалку од априлските 17,2 %, а цените на услугите пораснаа 4,5 % забавувајќи се од априлските 4,7 %. На месечна основа инфлацијата во мај падна 0,1 %, првпат по пет месеци, пренесуваат локалните медиуми.