Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

156 санкционирани возачи во Скопје, 24 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК

Британски медиуми за планот: Илегалните мигранти ќе бидат депортирани во Македонија која е наречена „центар за враќање“, ќе може и да се вработат

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.