Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив, затоа што не ја дава ДУИ во опозиција и подготвува национално прeдавство

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ на СДС му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик.СДС наместо да спинува и да манипилира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа. Тоа што СДС не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатлив, може да значи две работи.Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија.Втората веројатност е дека СДС не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет.Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, нема да има Уставни измени по бугарски диктат. Јасно е дека власта на СДС нема 2/3 мнозинство и нема да го има додека не застане во одбрана на националните и државните интереси. Јасни се и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои му беа кажани на Ковачевски, и конечно треба да каже дали и кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа.Без заобиколување СДС треба да даде конкретен одговор.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК