Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме со пороен дожд и грмежи низ цела Македонија – Лоши вести за времето за следните 4 дена

Резултатите во живо може да се следат преку Centar.mk со клик на овој линк.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Прогноза за 14.06.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 15.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 27°C

Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 16.06.2023
Минимална температура: 12°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 26°C

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Јорданов од ВМРО ДПМНЕ прогласи победа со 16.000 гласа разлика

ДЕСК

Серија сомненија за кривични дела поврзани со изборите во Македонија

ДЕСК

До 18 часот и 30 минути, 46,65% од граѓаните гласале на изборите

ДЕСК