Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дрвокрадец во скопско, сакал да и побегне на полицијата

Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско.

Околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал.

Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Британски медиуми: Тргнува ли депортација на мигранти одбиени за азил од Британија во Македонија, а за секој мигрант ќе следуваат пари за нашата земја?

ДЕСК

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Во својот дом пронајдено починато 19 годишно момче – наредена обдукција

ДЕСК

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

C +
error: Соддржината е заштитена.