Граѓанската организација „Да го зачуваме Лисиче“ најави протестна блокада на булевар Србија, којашто според објавата на Фејсбук, ќе се одржи во среда, на 14.06.2023 во 17:30 часот под мотото „Не за бетонизација на Лисиче“.
„Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна“, наведува организацијата.