Фејсбук статус на Бисера Костадиновска:
Годинава сите се враќаме дома, во градот – театар.
И, секогаш е пријатно кога сме свои на своето. Прилеп, македонскиот театарски центар и годинава ни ја покажува моќта на раскажување приказни преку театарската уметност.
🔶“Чернодрински” игра клучна улога во чувањето и промовирањето на македонскиот јазик, на македонското творештво и на културното наследство. Преку вашето творештво вие го развивате уметничкиот талент на нашата мајковина и татковина. Отворате социјален дијалог и ја кревате свеста за важни прашања од нашето заеднички битисување.
🔶Министерството за култура, во соработка со Фестивалот „Војдан Чернодрински“, со цел збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори, отвори посебен конкурс за избор на три необјавени и непоставени македонски драмски текстови.
🔸Искрени честитки до селекторката на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, и до целиот фестивалски тим, кои со своите многубројни идеи, посветеност, ентузијазам и визии за развој на оваа многу значајна театарска манифестација воведоа неколку новитети.
Нашиот Чернодрински, пред повеќе од еден век, ја застапувал тезата дека театарот треба да биде оружје. Има ли посилно оружје од театарот? Од уметноста. Од културата. Фестивалот „Чернодрински“ е едно од најсилните оружја со кое успешно ја чуваме и развиваме македонската уметност.
🔸Честитки и до лауреатите на фестивалот, добитници на наградата за животно дело, нашите исклучителни и почитувани доајени на македонската култура, Петар Темелковски и Петар Мирчевски, а на сите учесници им пожелувам креативен натпревар кој, убедена сум, на крајот ќе доведе до нов триумф на театарската уметност во земјава.