За време на викендов и на почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град. Врнежите ќе бидат пообилни утре во северозападните делови, а во понеделник во поголемиот дел од земјата и особено на северот.
Прогноза за 12.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 19°C до 26°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Во поголемиот дел од земјата и особено во северните делови врнежите ќе бидат пообилни и за кратковреме ќе наврнуваат и 20 л/м²
Прогноза за 13.06.2023
Минимална температура: 11°C до 16°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Прогноза за 14.06.2023
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Променливо облачно, од пладневните часови претежно во јужните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.