19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, Мејер

Скопје, 8 јуни – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби оствари средба со заменик американскиот амбасадор, г-дин Ерик Мејер.

Груби и Мејер разговараа за последните политички случувања во земјата, процесот на уставни измени, патот на евроинтеграциите како и почетокот на работата на Коридорите 8 и 10Д.

Двајцата соговорници разговараа за политичката состојба во земјава како и за евроинтегративниот процес и за продолжување на патот кон отворање на преговарачките поглавја.

Груби истакна дека поважна е европската иднина на граѓаните и на нашата држава и дека сме подготвени за секаква одлука што би овозможила консензуално одобрување на уставните измени.

Дискусијата за важноста на реализацијата на проектите како Коридорот 8 и 10Д не само за земјата туку и за целиот регион ја натера целата Влада да се заложи за нивна брза и квалитетна реализација, веќе по одобрувањето на законски измени.
Груби за време на средбата му се заблагодари и за големата поддршка за нашата земја во патувањето кон европското семејство како и за продолжувањето на стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК