Првиот човек на полицијата Оливер Спасовски денеска на прашања од медиумите соопшти дека до крајот на летотот конечно ќе започне инсталацијата на системот на снимање со камери за сообраќајни прекршоци.
– Целиот тој проект е генерално да се опфатат сите делови на државата. Ќе има фиксни и мобилни уреди кои ќе може да бидат поместувани на регионален и магистрален пат или на автопат, рече Спасовски.
– Целата работа е да биде што е можно поопфатен проектот низ целата земја и тој да се проширува. Со тоа ќе се зголеми не само јавната безбедност, туку и сообраќајната, рече министерот за внатрешни.