24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Што знаеме за големата трагедија кај Штип: Тројца загинати, најмладата жртва има 15 години, другите 37 и 62 години

Три лица загинаа во страотната несреќа која што се случи попладнево во 12 часот на патот Штип-Свети Николе близу наплатната рампа.

Неофицијално има и повеќемина повредени.

Во несреќата учествувале две возила, а според информациите загинале 15 годишно девојче и две жени на возраст од 37 и 62 години.

– Регионалниот ЦУК ШТИП известува за сообраќајна несреќа на патниот правец „Штип – СВ Николе“ кај селото Криви Дол помеѓу две патнички моторни возила. Од Сообраќајната полиција ЦУК има известување дека на местото на несреќата имало две загинати лица, а едно лице им подлегнало на повредите во клиничката болница во Штип, велат од ЦУК.

За другите повредени лица нема подетални информации , на местото на несреќата е излезен јавен обвинител и се врши увид на несреќата а сообраќајот ке биде во прекин се до завршување на увидот .

Инаку, сообраќајот е пренасочен и се одвива по стариот пат кон Свети Николе.