Во тешка сообраќајка на патот Штип-Свети Николе загинаа најмалку две лица од кои едната жртва е 15 годишно девојче, а другата е жена на возраст од шеесетина години.
Според информации кои се достапни на јавноста во тешката несреќа има повеќемина тешко повредени лица кои со болнички биле носени во најблиската болница во Штип.
Страотната сообраќајка се случила на автопатот Штип – Свети Николе, кај село Кадрифаково околу 12 часот и 10 минути, а во несреќата биле вклучени две возила.