26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија

Ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Прогноза за 03.06.2023
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 29°C

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 04.06.2023
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.

Прогноза за 05.06.2023
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Претпладне малку до умерено облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и со изолирана појава на град.