Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“.

Претседателот имаше можност да се запознае со условите во училиштето, наставниот кадар и со учениците, при што беше информиран дека наставната програма се одвива на албански и на турски јазик, образувајќи ученици во здравствена и економско-правна, како и во трговска струка.

За време на посетата, претседателот Пендаровски имаше и свое обраќање во кое, како поранешен ученик на тогашната гимназија „Цветан Димов“, истакна дека за време на средношколските денови, покрај со образование, се стекнал и со соодветно воспитување.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.