9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тројца повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Ранковце

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, атар на с. Псача, општина Ранковце.

Несреќата се случила меѓу автомобил „тико“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од З. К. (52) од Крива Паланка, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со српски национални ознаки, управувано од Б. С. (48) од Република Србија.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле З. К. и неговата сопатничка М. К. (52) од Крива Паланка, а телесни повреди добил сопатникот од истото возило Д. К. (21) од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК