20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 154 возачи во Скопје, 21 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.5.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 за непрописно престројување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.