Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

166 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи. Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 96 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 70 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.