Повеќето луѓе чуваат домати, компири, краставици во фрижидер… Ова се само дел од намирниците кои подобро се чуваат надвор од фрижидер, тврдат нутриционистите. Додека фрижидерот ја зачувува свежината на одредени намирници и им го продолжува рокот на траење, нутриционистката Наташа Ѓукиќ истакнува дека има намирници кои не треба да се чуваат во фрижидер, но и намирници кои не треба да се чуваат заедно,.
– Иако некои прехранбени производи се добри во комбинација едни со други, тие навистина не можат да коегзистираат кога е складирањето во прашање. Некои видови храна испуштаат етилен, гас што предизвикува производите да созреат предвреме. Постојат производи кои се чувствителни на гасот и можат побрзо да се расипат доколку се изложени на него. Затоа по секоја цена треба да се избегнуваат некои намирници – наведе Наташа на својот Инстаграм профил и додаде:
– Кога станува збор за чување храна, треба да имате на ум дека одредени намирници подобро се чуваат надвор од фрижидер.
Еве за која храна станува збор.
Не чувајте ги заедно:
- Авокадо
- Банани
- Јаболка
- Праски
- Дињи
- Манго
Не чувајте во фрижидер:
- Домати
- Краставица
- црвен лук
- Компир
- Лимон
- Лук.