Соопштение за јавност
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и Оливер Спасовски беа меѓу граѓаните на општина Куманово.
– Со одговорните политики на СДСМ државата ја вративме на вистинскиот колосек, станавме членка на НАТО и по цели 17 години во чекалната конечно ги започнавме преговорите со ЕУ, на македонски јазик и со потврден македонски идентитет. Сега кога пред нас е важен реформи процес за европската иднина, одново гледаме блокади одново гледаме немање конкретен став од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои декларативно се залагаат за членство во ЕУ, а во реалноста по секоја цена се обидуваат да го загрозат европскиот пат. Доказ за тоа се и последните небулози што Мицкоски ги шири за наводно редефинирање на државата, но и тој и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат свесни дека нивните небулози нивните деструкции одново ќе бидат поразени, порача Лукаревска.
Оливер Спасовски потсети дека пласирањето лаги со цел да се плаши и дели јавноста е многу пати виден метод на ВМРО-ДПМНЕ со кој се обидува да наштети на државните и националните интереси.
– Истите тие што лажеа дека ќе има федерализација и кантонизација, што лажеа дека ќе се населувале мигранти и овде во Куманово но и во други градови, што лажеа дека ќе се загрозел македонскиот јазик, дека ќе сме се бугаризирале, денес шират лаги за наводно редефинирање на државата. Сите тие нивни лаги пропаднаа, а од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не собраа храброст ниту да се извинат. Исто ќе биде и за оваа последна лага што ќе пропадне, а Македонија ќе продолжи по европскиот пат, но ќе биде запаметено дека Мицкоски како заложник на Левица и Апасиев дејствувал на штета на државните и националните интереси, истакна Спасовски.