24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕИЗБОР

ЧАША ТОПЛА ВОДА ПРЕД СПИЕЊЕ ПРАВИ ЧУДА ВО ВАШЕТО ТЕЛО: Опуштете ги мускулите и исчистете го телото

Пиењето топла и зовриена вода е честа препорака на традиционалната индиска медицина – Ајурведата. Има бројни предности, а сега ќе ги наведеме оние поврзани со пиењето топла вода пред спиење.

1. Топлата вода делува смирувачки на нервниот систем и помага во ублажување на напнатоста и стресот.

2. Пиењето чаша топла вода пред спиење може да му помогне на вашето тело да остане хидрирано додека спиете. За време на ноќниот одмор, телото губи одредена количина течност, па затоа е важно да се хидрира пред спиење.

3. Топлата вода може да го стимулира дигестивниот систем. Пиењето топла вода пред спиење може да го забрза варењето, да ги подобри дигестивните процеси и да ги намали проблемите како што се запек или надуеност.

4. Пиењето топла вода може да помогне во детоксикација на телото. Топлата вода го стимулира протокот на крв, што може да помогне за подобрување на функцијата на бубрезите и отстранување на токсините од телото.

5. Топлата вода може да помогне да се релаксираат мускулите и да се намали напнатоста. Ова може да биде корисно ако имате мускулни грчеви или болки пред спиење.

Сепак, важно е да се знае дека ефектите од пиењето топла вода пред спиење не се подеднакво ефективни за секој поединец.