Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска беше со граѓаните на општина Прилеп, каде разговараше за мерките и политиките што СДСМ ги презема кон граѓаните, работниците, пензионерите, но и земјоделците.
– Оваа година имавме најдобра производствена сезона за тутунопроизводителите и рекордни откупни цени. Целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година. 26 милиони евра субвенции беа исплатени кон над 15.700 тутунари. Тоа е силна финансиска поддршка за нашите сограѓани овде во Прилеп и најдобар доказ за тоа како СДСМ се грижи за сите граѓани подеднакво, порача Лукаревска.
Заменик претседателката на СДСМ додаде дека членството во ЕУ отвора нови можности за подобар животен стандард на граѓаните и дека е исклучително важно оваа година земјата да продолжи по европскиот пат.
-Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ. Особено сега кога скрининг процесот тече одлично а преговорите со ЕУ се со обезбеден македонски јазик и идентитет. Време е за глас за Европа во македонското Собрание, да го продолжиме европскиот пат. Имаме историска шанса која треба да се искористи затоа што не знаеме кога повторно ќе ја имаме, рече Лукаревска.
Во Долнени беше членот на Извршниот одбор на СДСМ, Никица Бачовски, заедно со Благојче Трпевски.
– Тутунарите од овој крај имаат на што да бидат задоволни.Дури 80 отсто од откупениот тутун е откупен како тутун од прва класа. Расте и бројот на површини на кои се одгледува тутун што само по себе е доказ за тоа колку е исплатлива оваа култура. СДСМ ќе продолжи да биде вистински партнер на земјоделците, порача Бачовски.