Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска членот на Градската организација – Скопје на СДСМ Коста Начевски и Маја Манолева беа со граѓаните на општина Центар.
– Заради неспособност, неодговорност и расипништво на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, Скопје денес е со блокирана сметка и му се заканува банкрот и распад на целиот систем. Се потрошија стотици милиони евра пари на граѓаните нема реализирано ниту еден голем проект, јавните претпријатија едвај функционираат а Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираат сите проблеми, истакна Начевски.
Во општина Ресен беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски кои пред присутните посочија дека со успешните политики на СДСМ рекордно се зголеми домашното производство на електрична енергија, а инвестициите во обновливи извори на електрична енергија освен што ја зајакнуваат енергетската независност позитивно влијаат и врз заштита на животната средина.
Во Демир Хисар беа Хари Локвенец и Борче Петковски каде истакнаа дека со изградба на коридорите 8 и 10 Д се реализира еден стратешки проект на кој се чекаше со децении, проект вреден 1,3 милијарди евра од кои најмалку 600 милиони евра ќе завршат во домашни градежни компании.