23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska, mickoski
.ЛОКАЛНО

СДСМ: На Скопје му се случува катастрофа, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос

Соопштение на СДСМ:
По една и пол година владеење на неспособната ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, Скопје е во хаос.

На Скопје му се случува катастрофа, сообраќајот е во колапс, Градот е со блокирана сметка и пред банкрот, иако има годишен буџет од 100 милиони евра, а на сметка наследија плус 13 милиони евра од претходната власт.

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска потрошија над сто милиони евра народни пари а, не се реализираше ниту еден капитален проект а Градот и јавните претпријатија тонат во долгови.

Банкрот на градот ќе значи целосен колапс на јавните претпријатија, целосен колапс на градската администрација.

Јавниот превоз во Скопје со месеци е во хаос. Ги нема ветените 250 нови автобуси, нема ни бесплатен јавен превоз, редовниот превоз сериозно е редуциран.

Сообраќајот дополнително е колабиран по затворањето на мостот „Беласица“, проблем што мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска целосно го игнорираат.

Арсовска ги откажа и запре проектите за подобрување и унапредување на сообраќајот во Градот, како БРТ, мостот на булевраот АСНОМ, а клучката кај Момин поток и пробивањето на улицата Есенинова се одвиваат бавно и со застои.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква расипничка и неспособна градска власт.

Наместо проекти и решенија има откажување на започнатите проекти, партизација, кавги за тендери и провизии и расипничко трошење на буџетските средства.

Ете што се случува кога ВМРО-ДПМНЕ добива шанса да управува со парите на граѓаните.