25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: Ако процесот за изградбата на коридорите го тераме во недоглед, ќе губат граѓаните

Јавноста е будна и целиот проект за изградба на коридорите е под лупа на јавноста, кажа директорката на УЈП, Сања Лукаревска во гостувањето во емисијата „Трилинг“. Таа додаде дека новите законски решенија се во рамки на Собранието и секое од тие законски решенија е добро образложено и поткрепено со сите можни аргументи.

-Има одредени даночни олеснувања и даночни ослободувања, коишто ќе претставуваат и придобивка и за нашата економија, но и ги почитуваме и меѓународните стандарди што важат за вакви крупни стратешки проекти. Затоа што ако го следиме целиот овој процес што се случува за „Бехтел-Енка“ и ако ги споредиме искуствата од регионот, секако дека имаме и одредени поклопувања и не сме ги носеле законите за некаква посебност за одреден даночен обврзник, истакна Лукаревска.

Според неа, европското знаменце коешто стои на законските решенија не е злоупотребено.

-Тоа е еден инструмент. Ние требаше сите заедно да застанеме зад овој проект, но имаме тесногради гледишта од страна на определени политички структури. Сепак ние треба да го фатиме чекорот со Европската Унија.
Доколку некој смета дека само со блокада може да се решат овие прашања нема да има успех. Сега европското знаме ќе ни заштеди и време и пари. Ако процесот го тераме во недоглед ќе губат граѓаните, кажа Лукаревска.