25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Потпретседателот Битиќи одржа предавање на „Политичката академија за социјална демократија“: Градиме економски модел кој се се фокусира на социјалниот напредок

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќ одржа предавање на учесниците на „Политичката академија за социјална демократија“, на тема „Економски предизвици на социјалната демократија – Економската криза и животниот стандард на младите, предизвици и решенија“, која се одржа во Охрид, во организација на Институтот за социјална демократија “Прогрес“.

Зборувајќи за клучните вредносни мотиви во креирањето на економските политики, потпретседателот Битиќи ја истакна важноста на социјалната правда, еднаквоста, солидарноста, демократијата, одржливиот развој, како и заштитата на трудот на работниците, како позитивни одредници за секоја Влада која сака на своите граѓани да им помогне да постигна пристојни животни услови.

„Социјалдемократија создава можности за личен развој на граѓани, ги штити од несаканите влијанија на деградирањето на животната средина, пазарните нарушувања, но и развива нови можности за општествено корисни работни места“, рече Битиќи.

Тој истакна дека пред економските политики кои сакаат социјално демократски да се дефинираат и да постават пред себе социјални цели, потребно е да се даде одговор на повеќе предизвици.
„Треба да се обезбеди одржливост во трошоците на социјалните програми, потребно е да се одржува баланс помеѓу пазарните сили и владините интервенции во остварувањето на социјалните цели. Актуелно е и прашањето на рамнотежа помеѓу социјалната заштита и одржувањето на атрактивно деловно опкружување, однос помеѓу корективните редустрибутивни политики и стимулациите за иновации и продуктивност“, рече Битиќи.

Зборувајќи за социјалдемократски вредности и нивното политичко артикулирање во Северна Македонија, потпретседателот Битиќи истакна дека државата е на пат да ги усогласи стратешките основи за економските политики со оние на Европската унија, како една од најразвиените светски економии.

„Да ги пресликаме принципите кои како и во ЕУ и во нашата земја ќе ја трансформираат во праведно и рамноправно општество кое ја комбинира и хармонизира пазарната економска динамика со социјална заштита за просперитет, интеграција и кохезија. Да се придвижиме со поголема динамика кон економски модел кој се фокусира на социјалниот напредок, родовата еднаквост, почитувањето на човековите права и одржливиот раст и кој во срцето ја носи благосостојбата на граѓаните“, порача потпретседателот Битиќи пред учесниците на „Политичката академија за социјална демократија“.