Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Герасимовски: Преку „Екопикник“ ги промовираме и поддржуваме домашните производители

Денес, во Паркот на франкофонијата за прв пат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот беа македонски производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна. Во музичкиот дел на манифестацијата настапија децата од градинките и основните училишта како и Здружението на пензионери и Ансамлот „Кочо Рацин“ од Општина Центар.

„Со гордост можам да кажам дека Општина Центар вложува многу во заштита и минимизирање на негативните влијанија врз економската состојба на нашите семејства. Тоа го постигнуваме преку креирање програми и проекти посветени на семејствата. Токму тука во текот на вчерашниот ден доделивме 130 решенија за финансиска поддршка на семејствата со новороденче. Ова е само еден дел од помошта што Општина Центар ја доделува со цел заштита на семејствата. Исто така Општина Центар силно инвестира во градинките и училиштата и вложува во нови објекти бидејќи ги вреднува нашите деца и нивната иднина“, изјави Герасимовски.

Општина Центар преку денешната манифестација ЕКОПИКНИК, поттикнува дружење и забава, во насока на негување и зачувување на македонската гастрономска традиција и култура. На овој начин општината ги поддржува и малите локални екопроизводители кои денес ги промовираат своите гастрономски иновации.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК