Денеска (20.05.2023) околу 03.20 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.Д.(18) од Скопје. Тој бил фатен веднаш по извршување тешка кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети.
Кај него биле пронајдени нож и одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот. Ј.Д. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.