Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски со честитка за 20 Мај – Денот на македонските пожарникари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати телеграма со честитки до пожарникарите во нашата држава по повод 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, соопшти Кабинетот на Ковачевски.

„Ви оддаваме должна почит и неизмерна благодарност за вашиот огромен придонес во општеството, во служба на заедницата и зачувување на нашите мир, безбедност и сигурност. Справувајќи се со природни непогоди, несреќи и катастрофи, секојдневно го ризикувате вашиот живот, спасувајќи ги животите на другите и штитејќи ги имотите на нашите граѓани и на нашата заедница, што неизмерно го цениме“, порачува во честитката премиерот Ковачевски.

Изразувајќи искрени и срдечни честитки во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија во чест на 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, премиерот Ковачевски порача:

„Вашето чувство за солидарност и грижа за другите нека биде поттик за сите идни генерации на пожарникари, кои како и денешните генерации ќе продолжат да бидат симбол на пожртвуваност и подготвеност да се подаде рака за помош секаде и секому. Нека е честит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари!“.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски и Сијарто: Динамична соработка и силна унгарска поддршка за ЕУ-интеграциите

C +

Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поранешниот министер најави тужби: „Ми го валкаат името со измислици и лажни тврдења“

C +
error: Соддржината е заштитена.