26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, опозицијата да гласа за уставни измени

Сите општествени и политички чинители во земјава треба да покажат одговорнот пред иднината на земјата и сите наши граѓани. Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, граѓаните сакаат да бидат дел и заслужуваат да бидат дел од Унијата, рече на денешната прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Силната поддршка од САД за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега. Време е за глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата. Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно. Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.
Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура – рече Каевски.

Тој додаде дека доколку се пропушти овој политички момент и оваа силна поддршка од Европа и САД сега, ризикот е да се вратиме назад, да бидеме сами, надвор од процесите, додека другите земји од регионот напредуваат кон ЕУ што, како што рече, „е многу опасно за нашата земја, за нејзината иднина“.

– Блокадата на европскиот пат е блокада на подобар, европски животен стандард, повисоки плати, поголем економски раст, повеќе инвестиции, подобро образование, блокада за шансите за младите и европските вредности. Оттука, одговорност на сите 120 пратеници е да се вклучат во процесот на реформите важни за европската иднина, за глас за Европа во македонското Собрание. Опозицијата има одговорност, пред граѓаните и иднината на државата – рече Каевски.