Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема промени во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е против евтина тарифа на струјата

Единствените резултати на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот советник и директор на ЕСМ, Христијан Мицкоски се укинување на евтината тарифа и стопроцентно поскапување на струјата, се вели во соопштението од СДСМ.

– Затоа и не чуди што денес Мицкоски е против повторно воведување на евтината тарифа на струјата за домаќинствата. Тоа е истиот Мицкоски кои пред неколку месеци ги плашеше граѓаните дека ќе има драстични поскапувања на струјата, кој најавуваше рестрикции, денес не само што не се случи тоа, туку се најавува и намалување на сметките за електрична енергија преку воведување на евтина дневна тарифа. Сето тоа е благодарение на успешните енергетски политики на СДСМ кои доведоа до рекордно зголемување на домашното производство и нови капацитети за производство на струја од обновливи извори, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК