22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Ги има на секој ќош, се рекламираат насекаде: Граѓаните бараат многу строга регулација на оние кои делат брзи кеш кредити

По големата загриженост кај граѓаните поради многу случаи на презадолженост од превисоки камати, провизии и казни за земени брзи кредити на нозе се кренаа и властите.

Измените на законите за облигациони односи и извршување ќе се применуваат и за услугите од финансиските друштва, односно компаниите кои нудат брзи кредити.

На овој начин државата ја зајакнува и контролата, со новите измени и дополнувања на Законот на финансиски друштва се зајакнува и контролата на државата врз работењето на финансиските друштва но и во она што значи наплата на трошоци.

Вртлогот во кој влегуваат многумина станува опасен и токму тоа е причината за презадолженост на многумина граѓани.

Леснотијата со која се даваат кредитите ја влоши ситуацијата, бидејќи за да се подигне ваков кредит доволно е само лична карта или брзо аплицирање на интернет, а полицијата имаше и полни раце работа изминатиот период бидејќи имаше разни случаи на злоупотреба на туѓи лични карти за подигање на вакви кредити кои буквално може да се подигнат од секој ќош.

Усвојувањето на овие законски измени ќе стави крај на должничкото ропство на одредени поединци и семејства, најмногу кон финансиските друштва за брзи кредити.

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека канцеларии кои нудат брз кеш има насекаде, а рекламите им се агресивни. Граѓани се жалат дека добивале и смс пораки со понуди за брзи кредити без да го дадат својот телефонски број некому.

Можеби ќе ве интересира

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

C +