23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драстична промена на времето – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Прогноза за 17.05.2023
Минимална температура: 9°C до 13°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Прогноза за 18.05.2023
Минимална температура: 7°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Сончево со умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 19.05.2023
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.