На повидок е новo решение за регистарските таблички кои сега имаат ознака мк, а на кои треба да се изврши промена согласно „Преспанскиот договор“.
Се разгледува можноста наместо промена на табличките да се прибегне кон ставање налепници врз веќе постоечките.
Со ова граѓаните не би плаќале за промена на табличките и сообраќајните дозволи.
Прашањето за табличките мора да се реши до почетокот на следната година.