Неколку посебни акции вчера на МВР резултирале со пронаоѓање дрога во повеќе градови.
Во Тетово полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Ф.(18) и Б.Х.(23), двајцата од Тетово. При преглед кај Б.Х. била пронајдена марихуана, а при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во Центар од полициски службеници е лишен од слобода В.П.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. На истото подрачје, од истите причини е уапсен и Т.Т.(28) од Скопје.
На Бит Пазар полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во Аеродром од полициски службеници е лишен од слобода О.В.(45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во угостителски објект на подрачјето на Центар полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Е.(33) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена прашкаста материја.
На подрачјето на Центар од полициски службеници е лишен од слобода Б.П.(22) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сите сторители.