25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Министерката Костадиновска-Стојчевска на средба со албанската министерка за култура, Маргарити, во ТМинистерката Костадиновска-Стојчевска на средба со албанската министерка за култура, Маргарити, во Тирана, а вечерта заедно на претстава на Битолскиот театарирана, а вечерта заедно на претстава на Битолскиот театар

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска престојува во еднодневна работна посета на Република Албанија, при што во Тирана ќе оствари средба со својата колешка, министерката за култура Елва Маргарити.

На средбата ќе стане збор за континуираната и интензивна билатерална соработка и координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, како и за постапката за враќање на иконите што се незаконски изнесени од територијата на Република Северна Македонија, а кои се наоѓаат во Република Албанија, за што беше потпишан договор меѓу двете држави. Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потеклото е во собраниска постапка на донесување.

Министерките за култура ќе разговараат и за заедничките активности во рамките на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, формирана од Република Северна Македонија, од Србија и од Албанија, со цел зацврстување, зголемување, проширување и олеснување на регионалната соработка, како и промоција на културната разновидност, меѓукултурниот дијалог и меѓусебното разбирање на трите земји.
Во вечерните часови, Костадиновска-Стојчевска и Маргарити ќе присуствуваат на претставата на Битолскиот театар што ќе биде изведена на сцената на Народниот театар во Тирана.

Гостувањето на претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, по повеќе од 30 години, е прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овојпат реализирано со поддршка од Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана и директорот Златко Ориѓански.
Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург е Билјана Крајчевска, а сценограф е Валентин Светозарев. Костимографијата е на Благој Мицевски, а композитор на музиката е Тимор Доми.
Во претставата настапуваат актерите: Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска- Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.