Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ влезе во процесот да го блокира националниот најголем инфраструктурен проект што го реализира државата, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талевски во гостувањето во „Топ тема“.
-Специјалниот закон за овој проект за изградба на коридорите во Собранието е донесен во јули 2021 година, кога во Комисијата за финансирање и буџет никој не се пријави за дискусија, а во тој закон се опфатени сите точки што се преточуваат во законите и Договорот. Кога се носел законот пред две години и тоа на пленарна седница, само тројца се пријавиле за збор, што значи дека имало консензус за проектот. Но, она што веројатно го мислеле од опозицијата е дека нема да се операционализира проектот за изградба на патиштата, рече Талевски.
Тој повтори дека со актуелната законска регулатива проектот ќе чини 1,5 милијарди евра, односно многу повеќе, а ќе се гради многу подолго, доколку се изгласаат законските измени, тогаш проектот би чинел 1,3 милијарди евра.
-Ако не се донесат овие законски решенија што се наподолнување на специјалниот закон ќе платиме многу повеќе. Пенали нема да има, но продолжувањето на времето за изградба од страната, која е од страна на реномираната компанија, американската Бехтел и турската Енка, ќе трае подолг период и ќе чини повеќе. Да ги поштедиме граѓаните и од време и од парите, а не да гледаме како да го попречиме целиот процес, порача Талевски.