Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одбележување на 9 мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи свечено одбележување на овие два значајни празника.

На 9 мај, 2023 година (вторник) во 09:50 часот, делегации на покана на Владата на Република Северна Македонија, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата.

По завршувањето на положувањето на свежо цвеќе, започнува настан на кој ќе има обраќања од претставниците на делегациите.

На настанот ќе се обратат потпретседателот на Сојузот на Борците од НОАВМ 1941-1945, Наум Буревски; вршителот на должност на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Ерик Мајер; амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Дејвид Гир, заменик-претседатот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.