Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Синоптичарите најавуваат голема промена на времето – Метео центар ја објави деталната временска прогноза

Претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено утре и во четврток.

Прогноза за 11.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 12.05.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 13.05.2023
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК