27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски ќе оствари средба со државниот секретар Блинкен во Вашингтон

Премиерот Димитар Ковачевски, денес, 8 мај 2023 година (понеделник) во рамки на работната посета во Вашингтон, ќе оствари средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, во попладневните часови по американско време.

Премиерот Ковачевски воедно, ќе се сретне и со Џонатан Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на САД и ќе оствари средба и со членовите на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic council). Како дел од агендата, премиeрот Ковачевски со Џејмс Рубин, специјален пратеник и координатор на центарот за глобален ангажман на Стејт департментот на САД, ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, со кој ќе се продлабочи соработката меѓу двете земји врзана за борбата против дезинформации.

Дополнително, предвидени се и средби со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар како и со советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле, но и средба со претставници на македонската дијаспора во САД.

Во делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски на денешните средби е министерот за надворешни работи, Бујар Османи.