25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Постигнат напредок во дијалогот со социјалните партнери за новиот Општ колективен договор во јавен сектор

Економско-социјалниот совет денеска ја оддржа деветата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Главната дискусија на Економско-социјалниот совет беше за нов Општ колективен договор за јавен сектор при што беа разгледани предлозите од страна на синдикатите.

Вицепремиерот Битиќи, се осврна на два предлога за пресметка на платите во јавен сектор, првиот предлог од страна на Владата е во дефинирањето на бруто плата да се земе минимална бруто плата и на тоа да се додаде бројот на бодови и вредноста на бод. А вредноста на бодот а ја носи Собранието.

Во однос на Предлогот на синдикатите, во основната бруто плата да се дефинира просечната бруто плата помножена со коефициент на сложеност на работното место. Вицепремиерот посочи дека, за да се стигне до посакуваната цел е потребен транзисциски период за целосно усогласување со просечната плата.

Претставниците на Владата истакнаа дека целта е креирање на единствен систем и поедноставување кои ќе значат решенија кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и следење на продуктивноста на економијата.

Социјалните партнери се согласија да се направат симулации и за двата предлози за пресметка на платите во јавниот сектор и следната седница на ЕСС следната недела да се разгледаат.