17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Билатерална средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност г-дин Сашо Тасевски и генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ Г-дин Јирген Шток

На денешната 50. Европска регионална конференција на Интерпол, која се одржува во Охрид, а чиј домаќин и соорганизатор е Република Северна Македонија, се одржа билатерална средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност г-дин Сашо Тасевски и генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ Г-дин Јирген Шток.

На средбата и двајцата соговорници го потврдија големото значење од континуирано разменување оперативни информации, сознанија и податоци од областа на организираниот криминал, тероризам, проверка за оригиналност на документи, идентификација на лица во рамките на ИНТЕРПОЛ.

Меѓу другото, особено се стави акцент на хибридните закани како еден од безбедносните предизвици со кои се соочува светот денес, како и на борбата против глобалните закани како што се тероризмот и сајбер криминалот кои поттикнуваат неопходна соработка и координиран пристап помеѓу државите со цел нивно сузбивање.

Заеднички беше изразена благодарноста за досегашната соработка, како и отвореноста за продлабочување на истата.

Можеби ќе ве интересира

“ВМРО-ДПМНЕ ја губи поддршката од граѓаните”, тврди Илиевски

ДЕСК

ЕУ ја одобри втората транша средства за Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст

ДЕСК

Комненовиќ: Реализиравме 130 проекти, барам доверба за уште еден мандат да продолжиме со исто темпо

ДЕСК